7.8 C
Скопје
20:52 - 31 март, 2026

ИТ секторот во Русија ја напушта земјата – 100.000 стручњаци заминале откако е почната војната со Украина

Околу 100.000 руски експерти за информатичка технологија ја напуштиле својата татковина од почетокот на инвазијата на Москва врз Украина, соопштија локалните власти.

Рускиот министер за дигитализација Максут Шадаев на собраниска расправа рече дека ако ги погледнеме двата брана на заминувања, до 10 отсто од вработените во ИТ компаниите ја напуштиле земјата и не се вратиле.

Тој додаде дека 80 отсто од тие луѓе сè уште се вработени во руски компании и додаде дека е против тоа да им се забрани на овие Руси да работат од нивните сегашни локации.

Првиот бран на емиграција се случи непосредно по објавувањето војна на рускиот претседател Владимир Путин во февруари, веднаш откако нареди делумна мобилизација на резервните трупи во Русија.

ЕУ не им дозволи на повеќето Руси кои бегаат да влезат на нејзина територија, па затоа многумина побараа засолниште во соседните поранешни советски републики. Во Русија некои од нив се нарекуваат „предавници на татковината“, пренесе ДПА

Слични објави

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....