4.8 C
Скопје
06:51 - 19 октомври, 2026

Ева Каили пред да биде изведена пред суд признала дел од вината

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили, како што јавуваат странските медиуми, наводно дала делумно признание дека побарала од нејзиниот татко Александрос Кајилис да сокрие значителна сума пари во нејзиниот дом, пренесе весникот France soir прецизирајќи дека грчката пратеничка на редовите на европските социјалисти и демократи од 9-ти декември се наоѓа во женскиот оддел на затворот во белгискиот град Харен обвинета за корупција во врска со штотуку завршеното Светско фудбалско првенство во Катар.

„Обвинетата признава дека му наложила на нејзиниот татко да ги сокрие парите“, цитира весникот фрагмент од налогот за нејзино апсење сочинет од истражниот судија Мишел Клез.

Ева Каили ќе биде изведена првпат пред белгискиот суд во четврток 22 декември.

Изворот на France soir изјавил дека Александрос Каилис бил приведен истиот ден кога била спроведена големата антикорупциска акција на белгиската полиција откако бил откриен дека се крие во бриселскиот хотел „Sofitel“ полн со готовина.

Белгиската полиција во претресите на 9-ти декември на повеќе од 16 локации заплени над 600.000 евра во готовина, како и многу компјутери и мобилни телефоните. Меѓу уапсените е и социјалистичката пратеничка Каили, а сите се обвинети за учество во криминална организација, перење пари и корупција. Белгиското обвинителство соопшти дека со месеци имале сомневање и следела дека една земја од Персискиот залив се обидува да влијае врз носењето одлуки во Брисел. Каили негираше дека земала пари од Катар, соопшти минатата седмица еден од нејзините адвокати во Грција.

 

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....