7.8 C
Скопје
08:48 - 31 март, 2026

Исповед на полицаецот кој прв стигнал на местото на судирот на возовите во Грција: „Видов херои и ангели“

Кошмарните моменти што ги доживеаја патниците од кобниот воз во Грција оживеаја во очите на полицијата и спасувачите кои први пристигнаа на местото на трагичната железничка несреќа. Таму видоа апокалиптични слики.

Луѓе распарчени, млади расфрлени во околните ниви и мртви, многу мртви. Повредените се обидувале да најдат начин да избегаат.

На местото први пристигнале младиот полицаец и неговите колеги, откако неколку минути по несреќата биле информирани за судирот.

Возот се судрил во 23:21 часот по локално време, а тој на местото на настанот пристигнал 10 минути подоцна.

– Многу од сликите што ги видов не сакам да ги споделам јавно. Сцената беше драматична. Видовме херои и ангели. Видов девојка во болки, седеше и се тресеше од шокот што го доживеа – изјави младиот полицаец за грчката телевизија Алфа.

Тој додаде дека посетил друга повредена девојка во болница. Имала изгореници, мисли дека била во првите вагони.

– Се соочивме со многу херои, се сеќавам на едно 20-годишно дете кое остана да ги ослободува луѓето и успеа. Спаси 10 луѓе и продолжи да се обидува – рекол полицаецот.

Најмалку 57 лица, повеќето млади, загинаа во страшен судар на два воза ноќта меѓу вторникот и средата во близина на Лариса, Грција.

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....