6.8 C
Скопје
04:32 - 31 март, 2026

Исповед на Мена Сувари: „Не бев сакана. Долго време бев само тело. Издувен вентил за неговите желби“

Мена Сувари направи камбек во јавноста минатата година, 2021, кога беше објавена нејзината прва автобиографска книга со наслов „Големиот мир“. 43-годишната американска актерка во тие мемоари собрала многу болни настани од младоста, за кои денес повторно ги проследува во долго и интимно интервју за британскиот весник „Гардијан“.

Како тинејџерка, актерката која стана меѓународно позната со филмот American Beauty (1999), беше силувана од пријател на нејзиниот брат, кој подоцна ја опиша во очите на нејзините школски другари како „лесна женска“ … Во меѓувреме, идната холивудска актерка беспомошно гледала како се распаѓа бракот на нејзините родители.

„Немав референтна точка. Чувствував дека нема некој што може да ми помогне, никој што некогаш би направил нешто за мене“, рече Мена Сувари, објаснувајќи дека долги години се чувствувала многу осамено.

Во брак е од 2018 година со продуцентот на телевизиската и филмската индустрија Мајкл Хоуп, со кој го доби синот Кристофер Александар во 2021 година. Актерката во автобиографската книга потоа се потсети на злоставувањето кое го претрпела со поранешното момче и како тоа долго време ѝ го уништило начинот на живот: сексуалноста и љубовта.

Дотичниот бивши (без име и презиме, знаеме само дека е техничар за осветлување), ја принудувал да користи неудобни секс играчки кои не сакала да ги користи, принудувајќи ја на повторен и насилен анален однос, а на крајот завршила во болница. Ја манипулирал и со други жени во креветот, односно ѝ наметнувал секс во тројка. Сето тоа било проследено со навреди и закани, а таа утеха најде во разни видови на дрога.

„Не бев сакана. Долго време бев само тело. Издувен вентил за неговите желби“.

Денес, за среќа, актерката изгледа ја најде својата оаза на мирот во семејството.


Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....