Пејачката Индира Радиќ (59), покрај долгогодишната и успешна музичка кариера, успеала да обезбеди стабилни деловни приходи благодарение на паметни вложувања во недвижности. Пред неколку години го насочила својот капитал кон Грција, каде за 300.000 евра купила пет апартмани во познатото летувалиште на Халкидики.
Овие недвижности ги издава туристите за време на сезоната, а целиот процес на одржување и администрација го доверила на ангажирани агенти. Со овој потег, Индира ги споила работата и личното задоволство, а често објавува фотографии од летувања каде и самата ужива.
Дека отсекогаш била внимателна со заработените пари, потврдуваат оние кои ја познаваат најдобро. Според нејзините блиски пријатели, Радиќ никогаш не била наклонета кон расипништво, туку внимателното вложување го сметала за најдобар начин да ја обезбеди иднината.
Индира Радиќ купила куќа на Космај, а во станот во Белград во кој живеела сега живее нејзиниот син со семејството.
Пејачката решила да го напушти станот на Баново брдо, во кој години живеела, бидејќи ја нервира гужвата, а ѝ годи мирот.
„На Индира почна да ѝ пречи животот во Белград. Реши да си купи куќа на Космај, кој не е далеку од Белград и за многумина е вистински мал рај на земјата. Многу познати личности се населиле таму и купиле куќи, па така и Индира. Таму ѝ е сè совршено. Во град оди само кога е нужно, а во станот во кој години живеела сега живее нејзиниот син Северин со својата сопруга Русинка Елина, со која има син Михаел. Таму го организирала животот по свој вкус, има свој мир кој ѝ е преку потребен. Има и мала градина, вистински ужива. Од таму оди и на настапи кои има во Белград и дијаспората, сè ѝ е близу“, изјави извор близок на пејачката.
