7.8 C
Скопје
15:56 - 27 март, 2026

Имаше глас од кадифе, освои четири Греми – тажната судбина на Роберта Флек ВИДЕО

Пејачката Роберта Флeк, добитничка на наградата Греми и позната по евергринот „Killing Me Softly with His Song“, повеќе не може да пее.

Нејзиниот менаџер изјави дека на пејачката и е дијагностицирана АЛС.

-Амиотрофичната латерална склероза, прогресивна болест, ја остави неспособна да пее и има потешкотии да зборува, но ќе биде потребно многу повеќе од АЛС за да се замолчи оваа икона, велат нејзините публицисти во соопштението.

Документарниот филм за животот на Роберта Флек ќе биде премиерно прикажан следната недела во Њујорк, а 85-годишната пејачка планира да објави книга за деца во јануари.

Инаку, Флек освои четири Греми и доби награда за животно дело во 2020 година.

Роберта исто така беше првата жена изведувач што освои два последователни трофеи за рекорд на годината во 1973 година за  „First Time I Ever Saw Your Face“ и во 1974 година за „Killing Me Softly with His Song“.

Слични објави

Тозовац ги оставил синовите без наследство: Еве на кого легендарниот пејач му оставил куќа, два стана и пари

Еспресо

(Фото) Миа Костова прозборе за врска со оженет маж

Еспресо

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Еспресо

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Еспресо
Се вчитува....