00:20 - 2 април, 2026

Икеа се збогува од Русија, персоналот се отпушта, „не гледаме изгледи за работа во скоро време“

Икеа ги продава сите четири фабрики во Русија. Шведскиот гигант за мебел, кој ги прекина своите активности во времето на руската инвазија на Украина, сега најави збогување со рускиот пазар.

Веста ја објави руската агенција Тасс која цитира известување од компанијата.

„На 3 март, Inter IKEA Group и Ingka Group објавија прекин на работењето на Ikea во Русија и Белорусија по војната во Украина. Оттогаш, обезбедувањето поддршка и безбедност на вработените е приоритет и групите компании можат да гарантираат 6 месеци плата на сите вработени“, стои во соопштението.

„За жал, околностите не се подобрија и разорната војна продолжува. Бизнисите и синџирите на снабдување ширум светот се сериозно погодени и не гледаме изгледи за продолжување со работа во скоро време“, се вели во белешката.

„Следствено , Интер Икеа Груп и Ингка Груп сега одлучија да влезат во нова фаза за дополнително намалување на бизнисот на Икеа во Русија и Белорусија“.

Во соопштението за печат, компанијата најавува дека ќе отпушти дел од својот персонал: „Малопродажниот бизнис на Икеа ќе се стопира, а работната сила ќе се намали“, а процесот за наоѓање нова сопственост за сите четири фабрики ќе започне’, додека увозот и извозот на производите на Икеа во и од Русија и Белорусија ќе останат во застој.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....