11:43 - 1 јануари, 2026

Хорор во домот на славниот глумец: Вооружаниот готвач упаднал и им претел со нож на целото семејство

Актерот Бенедикт Камбербач, најпознат по улогата во серијата „Шерлок“ и филмот „Игра на имитација“, деновиве го доживуваше најлошото сценарио кое можеше да му се случи во животот. Поранешниот негов готвач упаднал во домот на актерот додека тој и неговото семејство биле внатре и им претел со нож.

Џек Бисел ја пробил железната капија од предната градина на куќата на актерот во северен Лондон, го откорнал домофонот од ѕидот и упатил низа застрашувачки закани кон актерот и семејството.

Врескал – „знам дека се пресели тука, се надевам дека домот ќе ти изгори“…

Поранешен готвач кој готвел во хотел со пет ѕвезди во Мејфер им се заканувал со нож за риба и семејството било преплашено.

Имено, актерот го дели домот со Софи Хантер и нивните три мали деца кои се трауматизирани од настанот.

Извор открил за „дејли меил“ дека Бенедикт и Софи по настанот не можеле да спијат со денови и ноќи, биле ужасно загрижени дека би можеле повторно да бидат мета, а што е најлошо од сè, биле цел и претходно на разни напаѓачи.

Готвачот побегнал од местото на настанот, но бил уапсен откако полицијата ја пронашла неговата ДНК. Тој пред судот го признал делото, но бил казнет со само 250 фунти и три години забрана да се приближува до семејството Камбербач и областа каде што живеат.

Откриено е и дека напаѓачот, пред да пристигне во домот на ѕвездата, купил два леба во блиската продавница и му открил на продавачот дека ќе упадне во куќата на Камбербач и ќе ја запали до темел.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 1 јануари: Упорноста ќе ви донесе успех

apostolova

Јована Јеремиќ го „раздвижи“ утринскиот програм на ТВ Пинк со посебен танц

E.A.

„Бев предадена“: Цеца Ражнатовиќ донесе важна одлука – слободата нема цена

E.A.

Сања Вучиќ ги откри плановите за 2026 година

E.A.

Сандра Африка призна кој пејач го посакува како секси Дедо Мраз

Еспресо

Горе градник, а долу… Жешко издание на Едита

Еспресо
Се вчитува....