17.8 C
Скопје
17:16 - 11 март, 2026

„Хитот на Нина Бадриќ требаше да биде мој!“: Александра Радовиќ откри која песна била наменета за неа, но не ја отпеала

Александра Радовиќ откри дека постои хит што првично бил наменет за неа, но таа го одбила, а потоа завршил кај нејзината колешка.

Пејачката признала дека одбила песна која подоцна за кратко време станала голем хит. Нумерата на крајот заврши кај Нина Бадриќ.

„Се случувало. Се сеќавам, го снимававме албумот и веќе имавме премногу балади. Станува збор за песната на Нина Бадриќ ‘Да се опет теби вратим’. Тоа е вистинска песна. Сепак, не е важно за кого е напишана, туку за кого е судена, а Нина навистина ја изнесе со емоција“, изјави Александра тогаш за ‘Блиц’.

Александра неодамна го прослави својот 51 роденден и том прилика проговори за притисокот што социјалните мрежи го создаваат врз изгледот на јавните личности.

„Не сакам да изгледам како ќерка ми. Не сакам да бидам пластична. Не сакам да излегувам постојано. Социјалните мрежи и филтрите придонесоа многумина да мислат дека јавните личности се луѓе кои немаат пори и брчки. Нормално е жена на 50 години да има брчки“, изјави пејачката за медиумите.

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо
Се вчитува....