13.8 C
Скопје
11:26 - 27 март, 2026

Хари Мата Хари откри дали се плаши по киднапирањето на Кајмакоски: „Не сум се дружел со погрешни луѓе…“

Пејачот Хари Варешановиќ наскоро ќе одржи концерт во Белград, а посебно се радува што по десет години објави нова песна. За својата кариера, но и за колегите, отворено зборуваше на прес-конференција.

Хари истакна дека нема причина за страв и дека тешко може да му се случи напад каков што доживеа Здравко Чолиќ, кога непознато лице фрли бомба во дворот на неговата вила. По оваа вест, како и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од естрадата изрази загриженост за личната безбедност. Сепак, Хари вели дека нема причина да се грижи.

„Јас мислам дека не сум толку важен, немам обезбедување. Не сум толку важен и затоа немаат што да земат од мене“, изјави Хари, убеден дека никому не му се замерил.

Тој додаде дека од музичката кариера не станал богат човек, ниту, пак, провоцирал некого.

„Не станав богаташ од оваа работа, ниту сум иритирал некого. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, заклучи пејачот.

Слични објави

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо

Јордан Митев сподели убави вести: Конечно се случува!

msp-admin

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Херојски подвиг: Саша Ковачевиќ му помогна на човек по сообраќајна несреќа

Еспресо

(Фото) „Многу ми недостасуваш“: Дарко Илиевски со емотивен спомен за мајка му

Еспресо

Дневен хороскоп за 27 март: Бидете искрени, но и тактични

apostolova
Се вчитува....