11:33 - 31 март, 2026

Гвинет Палтроу бара ментор кој ќе ѝ помогне низ промените во менопаузата: Сакам да бидам подготвена

Познатата 49-годишна актерка Гвинет Палтроу ќе ангажира „ментор“ кој ќе ја води и ќе ѝ помага за време на менопаузата.

Таа неодамна на своите следбеници на Инстаграм им порача дека постои „конфликтна наука за некои хормонални работи“.

– Се трудам да го доведам моето тело во најдобра можна форма и оттаму да проценувам – изјавила актерката.

Гвинет е мајка на две деца, а за борбата со хормоналните промени зборуваше и претходно, додека минува низ предменопауза, која обично започнува на возраст од 45 до 55 години.

Актерката рече дека го следела советот на својот лекар, но и медицинскиот експерт кој ѝ помогнал „со одредени додатоци во исхраната, кои вклучуваат растенија, адаптогени и фитонутриенти“, пренесува Daily Mail.

– Исхраната и тренингот се многу важни. Се трудам да шетам повеќепати неделно, се потам, вежбам, одам во сауна, а тоа се само мои начини на справување – изјави Палтроу.

Минатиот септември Гвинет зборуваше за тоа како се справува со пременопаузата во доцните четириесетти години, велејќи дека поради хормоналните промени се бори со лавина од емоции.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....