12.8 C
Скопје
21:41 - 28 октомври, 2026

Горан Бреговиќ купи „паметна“ куќа вредна два милиона евра! Еве каде се наоѓа уште една негова недвижност

Музичарот Горан Бреговиќ изгради уште една луксузна вила, сместена во елитната белградска населба Сењак, и тоа не било каква, туку таканаречена „паметна“ куќа.

Неговото ново модерно живеалиште е проценето на неверојатни два милиона евра, а се наоѓа во една од помалите улици во овој престижен дел од главниот град.

Паметната вила се одликува со современ архитектонски стил, со големи стаклени површини скриени зад ролетни, минималистички детали, како и богата зелена оаза што ја опкружува од сите страни.

Имотот се простира на парцела од четири ари, а безбедноста е на високо ниво – објектот е покриен со бројни безбедносни камери, додека напредните алармни системи обезбедуваат приватност и сигурност.

Да потсетиме, Бреговиќ со години живее на релација Белград – Париз, а оваа вила е уште еден доказ дека познатиот музичар не штеди кога станува збор за луксуз и удобност, како и дека средствата ги вложува во недвижности. Освен оваа куќа, тој поседува станови, куќи и апартмани во Белград, Париз, како и на јадранското крајбрежје.

Слични објави

„Пинкови ѕвезди“ се целосно промашување“: Александра Радовиќ остро го критикуваше шоуто, но и оние што се нарекуваат ментори

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ заводливo позира во базен и одбројува до летото: „Остануваат само 237 дена…“

Еспресо

(ВИДЕО) Едина Муса изненади со промена на изгледот — се збогува со долгата коса и покажа нова фризура

К.С.

Игор Џамбазов ќе биде домаќин на голема македонска кафеанска вечер во Скопје: Познати пејачи ќе ги пеат најголемите хитови

msp-admin

Ќерката на Сара Мејс тргна по стапките на мајка ѝ: Илина вежба харфа наместо да гледа во телефон

Еспресо

(Фото) Ги покажа своите извајани мускули – Раста се соблече по неверојатната трансформација

Еспресо
Се вчитува....