12.8 C
Скопје
20:32 - 28 октомври, 2026

Теа Таировиќ слави една година брак – пејачката направи бајковита свадба покрај река и интимна прослава

Регионалната музичка ѕвезда Теа Таировиќ денес, на 24 април, ја прославува првата годишнина од бракот.

Имено, пред точно една година таа му се заколнала на вечна љубов на својот долгогодишен партнер Иван, а свадбената церемонија била организирана во дворец во Нови Сад, сместен покрај самата река.

Иако желбата на младенците била свадбата да помине далеку од очите на јавноста, во присуство на најблиските пријатели, кумовите и членовите на семејството, интересот од медиумите бил огромен.

Tea блескала во впечатлива венчаница изработена од чипка и кристали, додека нејзиниот сопруг се појавил во елегантен црн смокинг.

Пејачката до матичарот и идниот сопруг ја придружувал нејзиниот татко, Зоран Таировиќ.

Дворецот во кој се одржале церемонијата и прославата изгледал како сцена од бајка, налик на холивудски филм, а според снимките што протекоа во јавноста, забавата била на високо ниво и траела до раните утрински часови.

За разлика од дел од своите колешки, Tea не сакала естрадна свадба, па меѓу гостите имало само две пејачки – Сања Вучиќ и Барбара Бобак.

Годишнината од бракот Tea и Иван ја одбележуваат во странство, пренесуваат медиумите, имајќи предвид дека пејачката има бројни настапи и концерти. Таа неодамна ја објави и дуетската песна „Шамар“ со Дадо Полумента, која стана голем хит.

Слични објави

(Фото) Нина Бадриќ заводливo позира во базен и одбројува до летото: „Остануваат само 237 дена…“

Еспресо

(ВИДЕО) Едина Муса изненади со промена на изгледот — се збогува со долгата коса и покажа нова фризура

К.С.

Игор Џамбазов ќе биде домаќин на голема македонска кафеанска вечер во Скопје: Познати пејачи ќе ги пеат најголемите хитови

msp-admin

Ќерката на Сара Мејс тргна по стапките на мајка ѝ: Илина вежба харфа наместо да гледа во телефон

Еспресо

(Фото) Ги покажа своите извајани мускули – Раста се соблече по неверојатната трансформација

Еспресо

(Фото) „Моето омилено место“: Мина покажа како Огњен Амиџиќ ужива со децата

Еспресо
Се вчитува....