-1.2 C
Скопје
08:23 - 19 декември, 2024

Голготата на Оливера: Од врата до врата со син ѝ отфрлен од татка си, и нов шок – дознава дека има сестра која како бебе била „трампана“ за виски!

Животот најчесто ни сервира „мени“ за кое не секогаш сме подготвени. Понекогаш, во комбинација со нашите погрешни избори, остануваме гладни за основните човечки потреби: љубов, безбездност, дом и така натаму. Во продолжение, ви ја претставуваме животната приказна на една жена и мајка, посебна по многу нешта.

Додека биле во врска, сè било убаво и нормално. Проблемите настанале кога неговата фамилија дознала дека е бремена и не го прифатила тоа.

Оливера Јакшиќ, која живее во Македонија, е родена во Нови Пазар во 1984, дете од мешан брак, мајка Србинка, татко Босанец (муслиман). На прашањето каде живеее, вели: „ни ја не знам“. Зошто? Затоа што е долга приказна, живеела во Драчево во куќа во која им било дозволено да живеат без никакви трошоци до нејзината шестта година. Потоа морале да се иселат од таа куќа, бидејќи се оженил синот кој бил сопственик на куќата. Следувала голгота на Оливера и мајка ѝ. Диво вселување во станови на државата бидејки немаат свој дом, социјално и останато.  Но, продолжуваат да живеат во надеж дека државата ќе им го отстапи станот во кој живеат во тој момент за да го исплаќаат на рати од 40 години.

– Жално, едно утро државата нè сели под изговор дека станот не бил државен и дека го купил некој од „големото добро утро“. Продолжуваме понатаму, иста постапка, но безуспешна. Јас пораснав, станав полнолетна, живееме под кирија со една плата, мојата. Од стрес мајка ми се оперираше од анеуризма, јас сама по болниците, а мајка ми странски државјанин. За сè ми помагаа докторите што ја оперира мајка ми, С. С. и В. Ф. Ме спасуваа од таа тешка голгота, раскажува Оливера.

Подоцна се запознала со нејзиниот, сега веќе, поранешен сопруг, Албанец. Се присетува, дека додека биле во врска, сè било убаво и нормално. Проблемите настанале кога неговата фамилија дознала дека е бремена и не го прифатила тоа. Оливера, како што вели, се нашла во безизлезна ситуација. Го сакала и бебето, го сакала и таткото, а таа и бебето не биле сакани од страната на таткото и неговата фамилија.

– Најдов решение, помогната од Т. Б., жена за почит на која сум ѝ вечно должна. Девет месеци со мене, по сите врати, со успех се сместивме во домот за доенчиња во Битола, каде се породив со мојата најголема гордост Аријан. Седевме три месеци со него заедно, се вративме во Скопје, во куќата на сопругот, со надеж дека сè ќе биде добро. На петнаесетти март дојдовме дома, а на шеснаесетти март 2004 го загубив млекото од „убавиот“ пречек, си ја отвора душата Оливера.

Додека се селеле од еден стран во друг, додека оделе од врата до врата, таткото на Аријан завршил во К.П.Д. Идризово.

По долга и тешка борба, успеала да добие целосно старателство над детето. Еден период живееле во Козле кај човек кој само им помагал да не бидат на улица, Оливера, нејзиното бебе и болната мајка. Во меѓувреме, таткото на Аријан завршил во К.П.Д. Идризово.

-Аријан потпорасна, имаше две години, кога човекот кој ни помагаше и во чија куќа живееме, почина, па така куќата си ја наследи фамилијата. Пак останавме на улица. Избор немав, стан немав, под кирија, работа во кафулиња, чистење на станови и останати објекти. Синот веќе стана прваче, се немаше за ништо. Одлучив да работам надвор од државата, „на црно“, на печалба. Како работев, така сè се трошеше, ама Аријан и мајка ми живееа малку поубав живот од моето време. Платени сметки, редовно нахранети и облечени, ја продолжува својата сага Оливера.

Во 2017 година, на триесетти декември го прославиле роденденот на Аријан. И прославата за Нова година минала во нормални услови. Наредниот ден во 6:45 мајката на Оливера заминала засекогаш. Вака ги опишува своите емоции:

– Останувам сама со син ми. Како понатака? За мене стрес, а син ми ја губи бабата која му беше сè во животот, и мајка, и татко и баба. Трагедија како и цел живот. Што ми останува понатаму? Размислувам и се прашувам дали е ова можно, да сум по истиот пат како и мајка ми, сама со дете? Не, се тешам со тоа што Аријан не почувствува толкав стрес како јас на негови години. Сепак, имаме некој покрив над глава. Јас останувам тука, печалба немам, морам тука да работам за 200 евра. Се вработувам во приватна фирма А. Б. С., егзистенција нула.

Син ми ја загуби бабата која му беше сè во животот, и мајка, и татко и баба. Трагедија како и цел живот.

Оливера вели дека кај Аријан се одразила загубата на баба му, со тоа што се повлекол во себе, а со неа имал ограничена комуникација. Свесна е дека некои рани никогаш целосно не заздравуваат, но се надева дека со текот на времето, барем ќе зацелат. Верува дека Аријан веќе расте во добро, паметно и свесно дете.

Животот на Оливера има уште една болна страна, уште едена сервирана чинија со микс од емоции. Имено, пред неа, нејзините родители имале ќерка, за која мајката знаела дека починала веднаш по раѓањето. Но, по 27 години, таа „оживува“. Жената која го чувала девојчето, ја контактирала Оливера. Ѝ раскажале дека, нејзиниот татко, сакајќи да помогне на таа фамилија, бидејќи не можеле да имаат свои деца, ја „компензирал“ својата ќерка за шлепер виски. Оливера побарала од својот татко ДНК тест, но тој тогаш признал сè, и додава:

– Замислете!!! Се прашувате дали му простив, не, и никогаш нема. Односот со сестра ми беше топол на почетокот, но подоцна се олади од многу причини. За мојата сервирана судбина од животот не обвинувам никого, едноставно така ми било пишано. Себеси се обвинувам за брзиот избор на животен сопатник, ама сум горда и среќна што имам прекрасен син кој ме држи на нозе, кој ми е надеж за подобро утре и единствен столб за понатаму да преживам.

За мојата сервирана судбина од животот не обвинувам никого, едноставно така ми било пишано.

Ако е вистина дека после дождот доаѓа сонце, тогаш Оливера ја очекуваат многу сончеви денови. Тоа ѝ го посакуваме од сèсрце!

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....