1.8 C
Скопје
06:11 - 22 јануари, 2025

Големото срце на Кејт Винслет: ѝ ги платила сметките на мајка која се бори за животот на ќерка си

Актерката ја слушнала приказната за Керолин на телевизија: парите ќе бидат искористени за плаќање на сметката за апаратите за одржување во живот на нејзината 12-годишна ќерка со церебрална парализа.

Кејт Винслет донирала 17.000 фунти на мајка за да ги покрие трошоците за вртоглаво зголемена сметка – сума која ѝ помага на Каролин Хантер да обезбеди енергија за апаратите од кои ѝ зависи животот на нејзината дванаесетгодишна ќерка Фреја, која боледува од тешка церебрална парализа и има потреба од постојано снабдување со кислород поради респираторни проблеми.

Г-ѓа Хантер рече дека била обземена од емоции кога актерката од „Титаник“ веднаш реагирала откако ја слушнала нејзината молба за помош на каналот  Би-Би-Си во Шкотска.

Кејт Винслет ги донираше парите на семејната страница GoFundMe и ја контактираше г-ѓа Хантер за да ѝ посака добро.

Мајката на Фреја, 49, рече: „Кога слушнав за парите се расплакав, помислив дека тоа не е ни реално.“

Семејството моментално троши околу 6.500 фунти годишно за да управува со апаратите за одржување на животот и да ја загрее куќата доволно за живот. Во моментов само собата на девојката се држи топла. Но, следната година ќе биде уште потешко, со зголемените сметки. На Фреја, дополнително и се потребни и најмалку две медицински сестри кои ја надглеуваат состојбата. Тие го следат срцевиот ритам на Фреја и нивото на кислород и се обидуваат да ги одржува дишните патишта чисти.

Г-ѓа Хантер е ангажирана како портпарол на други семејства во исти услови.

Прогнозата на Cornwall Insight минатиот месец сугерираше дека ограничувањето на цената на енергијата може да се зголеми за 73% за просечните потрошувачи, иако на прогнозата може значително да влијае промената на цените на големо.

Г-ѓа Хантер ги повикува шкотската и британската влада да се вклучат во поддршка на семејствата кои се соочуваат со вакви или слични тепкотии.

Таа додаде: „Ќе ми се помогне, но што е со другите? Владата мора да плати, а јас барам од неа да ја направи вистинската работа “.

Слични објави

Трогателен момент во кариерата на Петар Грашо: Сними дует со двегодишната ќерка

Еспресо

(Фото) „Полека, но сигурно доаѓа…“: Српската пејачка Сара Јо заврши во болница!

Еспресо

Весна Ѓогани проговори за односот со ќерките на Ѓоле од првиот брак: Секогаш испаѓам зла маќеа

Еспресо

На денешен ден пред 10 години нѐ напушти Кемал Монтено: Песните му беа животот

Еспресо

Јелена Ѓоковиќ го пие овој пијалак наместо утринското кафе, а идеален е за слабеење!

Еспресо

„Се доведов до клиничка смрт“: Ивана Кнез проговори за борбата со вишокот килограми

Еспресо
Се вчитува....