13.8 C
Скопје
15:57 - 24 февруари, 2026

Ѓоле Ѓогани за Драгана Мирковиќ: „Таа е на исто ниво со Мајкл Џексон и Бијонсе“

Ѓоле Ѓогани, еден од најпознатите танчари во 90-тите, се присети на својата соработка со легендарната Драгана Мирковиќ, со која, како што вели, напишале историја во музичката индустрија на овие простори.

Во рамки на проектот „Рамо до рамо со Драгана“, кој се емитува на телевизија Курир, Ѓоле откри дека токму тој бил првиот кој ѝ помогнал да воведе новитет на тогашната сцена – сопствена танчарска група.

„Јас ѝ го направив првиот спот и првите големи концерти. Во тоа време беше сосема поинаква од сите. Драгана тогаш беше најдобра во сè што правеше. Ако некој не се согласува, имам документирано. Таа е во ранг со Мајкл Џексон и Бијонсе – и да пее и да игра, тоа треба да се знае и може. Денес младите немаат поим како изгледала историјата на постарите изведувачи. Работевме кореографии каде што јас и Сани ја правевме, таа правеше колут наназад и продолжуваше да пее. Нека проба денес некоја ѕвезда да го направи тоа! Кај неа ништо не беше статично. Била и остана најдобра,“ изјави Ѓогани.

Освен професионалните моменти, Ѓоле се потсети и на анегдоти од заедничките турнеи, кога со својата група настапувале со Мирковиќ и одржувале дури по два концерти дневно.

„Имавме концерти 26-27 дена месечно, патувавме со автобус. Се сеќавам на една смешна ситуација. По настап, седевме на ручек со целата екипа, меѓу кои и ГагИ. Тој имаше голема трема од Драгана и во еден момент, кога се смееше со полни усти, ја испрска со храна. Јас полудев, а таа се смееше до солзи и рече: ‘Ма, луѓе, што е ова?!’ Тоа е Драгана – скромна и добра личност,“ откри тој.

Ѓоле истакна дека со Драгана често разговарале за нејзините амбиции и желби. „Ги знаев нејзините цели и соништа, а мислам дека сите ги оствари, па дури и ги надмина. За неа можам да кажам само најубави зборови,“ заклучи тој.

Слични објави

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели неодоливо видео со синот Марио: „Што си ѝ ти на мама?“

Еспресо

Ѓина Џиновиќ ја напушти Србија поради ново момче, еве што сѐ прави во Барселона

Еспресо
Се вчитува....