Популарната пејачка Гоца Тржан гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, каде што со препознатливиот хумор и остар јазик одговараше на провокативните прашања на водителот Огњен Амиџиќ за својот приватен живот и односот со помладиот сопруг Раша Новаковиќ.
На прашањето дали се плашела дека поради разликата во годините Центарот за социјална работа би можел да ѝ го „одземе“ Раша, пејачката во свој стил низ насмевка одговори:
„Па, се плашев во неколку наврати, особено за време на последната кампања, бидејќи тоа може да се смета како сексуално вознемирување. Го соблекував во видеокаверите“, се пошегува Гоца.
Пејачката даде урнебесен одговор и на прашањето дали се плаши дека Раша некогаш би можел да ја остави за некоја повозрасна жена:
„Секогаш кога сум во близина на Сузана Манчиќ, внимавам да не ѝ се приближи премногу“, истакна пејачката, а се осврна и на својата висина, потврдувајќи дека шегите за нејзиниот низок раст од времето на групата „Тап 011“ и понатаму ја забавуваат и дека е горда на тоа што е „метар и ќебап“.
