10:01 - 14 ноември, 2026

Гоца Тржан ги насмеа сите: Проговори за Раша и својата висина од „метар и ќебап“

Популарната пејачка Гоца Тржан гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, каде што со препознатливиот хумор и остар јазик одговараше на провокативните прашања на водителот Огњен Амиџиќ за својот приватен живот и односот со помладиот сопруг Раша Новаковиќ.

На прашањето дали се плашела дека поради разликата во годините Центарот за социјална работа би можел да ѝ го „одземе“ Раша, пејачката во свој стил низ насмевка одговори:

„Па, се плашев во неколку наврати, особено за време на последната кампања, бидејќи тоа може да се смета како сексуално вознемирување. Го соблекував во видеокаверите“, се пошегува Гоца.

Пејачката даде урнебесен одговор и на прашањето дали се плаши дека Раша некогаш би можел да ја остави за некоја повозрасна жена:

„Секогаш кога сум во близина на Сузана Манчиќ,  внимавам да не ѝ се приближи премногу“, истакна пејачката, а се осврна и на својата висина, потврдувајќи дека шегите за нејзиниот низок раст од времето на групата „Тап 011“ и понатаму ја забавуваат и дека е горда на тоа што е „метар и ќебап“.

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо
Се вчитува....