14:05 - 31 јануари, 2026

Ги загуби двете деца, а за малку и сопругот: Тешката животна приказна на Ивана поради која заплака Милена од Канал 5

Ги загуби двете деца, а за малку и сопругот, храбрата Ивана од Охрид ја раскажа својата тешка животна приказна која денес сепак има среќен крај, во Утринската програма на Канал 5.

Водителката Милена Антовска-Станковска рече дека го имала емотивно најтешкиот ден во својата кариера, поточно ја водела емотивно најтешката емисија на ТВ Канал 5 .

– Многу долго сум во оваа работа и сум имала можност да сретнам луѓе од различни професии, но денеска дефинитивно беше една од потешките емисии за мене. Толку емотивно допре до мене.

Целта ми е да ви кажам дека навистина не треба да се нервираме за банални работи и дека треба да бидеме благодарни за она што го имаме во животот.

Фото / Инстаграм

Девојката која денеска ја запознав, има една таква тешка животна приказна што и сега кога зборувам ми се плаче. Таа е толку храбра, толку силна, ѝ посакувам сѐ најубаво во животот – рече Милена, која потоа сподели видео од гостувањето на Ивана Лескароски која раскажа:

– Нашиот сон беше да станеме родители, и за кратко време тоа се оствари, но среќата траеше многу кратко. По раѓањето на нашиот прв син Паоло, за само неколку дена тој почина од респираторен дистрес – рече гостинката и додаде дека тогаш имала само 21 година и била во вистинско бунило.

– По раѓањето на Аритон кога мислевме дека сѐ ќе биде како што треба, по неколку месеци го губиме и него. Ако со дијагнозата на Паоло се помиривме, со дијагнозата на Аритон никогаш. Тоа е хорор кој не се заборава.

Фото / Инстаграм

Тогаш првпат мислев да посегнам по мојот живот, но Господ е тој кој прави чуда – рече Ивана, а потоа додаде дека имала низа абортуси. Сега, таа е мајка на Роман, кој оваа храбра жена го нарече чудо.

– Роман се роди на крајот од шести месец и беше 35 дена на интензивна нега. Во истиот период кога се раѓа Роман мојот сопруг се справува со две тешки операции. Јас во тој период функционирам како робот, но како круна на таа победа е тоа што успеав во ист ден од болница да ги земам и Дејан и Роман. Тоа се тие трауми, до ден-денес ноќе проверувам дали дишат – рече Ивана во гостувањето на Канал 5.  

Ивана со сопругот Дејан и со синот Роман Фото/ Инстаграм

 

Слични објави

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо
Се вчитува....