10:09 - 6 април, 2026

Германските медиуми со пофалби за Лук Блек и лукблекманијата: „Технички вешто и со изгледи за успех“

И жирито и публиката на евровизискиот натпревар во Србија имаа други фаворити, но на крајот Лук Блек ќе оди на Евровизија како претставник на ова земја, пишува порталот на германскиот јавен сервис АРД посветен на музичкото натпреварување. Таму ќе настапи со песната „Само ми се спава“.

„Меѓу фановите на Евросонг, радоста беше голема, мрачната мистериозна електрична работа на Твитер предизвика вистинска лукблекманија“, се вели во рецензијата потпишана од д-р Ирвинг Волтер, автор кој докторирал во Хановер конкретно на тема Евровизија, пренесува Дојче веле.

„Повеќе песни од кога било влегоа во националниот натпревар, поттикнати од спектакуларното петто место на Констракта минатата година“, пишува авторот, кој е полн со пофалби за тоа како изгледаше „Песната на Евровизија“, како и за гостувањето на Констракта.

Како и минатата година, песните беа објавени на Јутјуб една недела пред фестивалот и за кратко време собраа значителен број прегледи. Песната „Румба“ собра значителни 1,7 милиони кликови, но на крајот заврши само на седмото место.

„Лук Блек, кој изгледа како млад Хју Грант, ја напиша победничката песна недолго по почетокот на пандемијата во 2020 година, а непосредно пред српскиот натпревар, продукцијата му ја довери на Милован Бошковиќ, кој работеше за Констракта минатата година, се вели во написот на Волтер.

Авторот на крајот оценува – „Станува збор за чувство на изолација и желба во сон да се најде безбеден простор. Уметнички вешто, тегобно, и пред се со добри изгледи за успех“.

Слични објави

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.
Се вчитува....