7.8 C
Скопје
06:41 - 2 април, 2026

Германски разузнавачки служби: Можен исламистички напад врз принцот Хари

„Фокус онлајн“: Исламистите сакаат да го нападнат принцот Хари како поддршка на Хамас.

Исламистите планираат напад врз принцот Хари, синот на кралот Чарлс Трети од Велика Британија. Германските разузнавачки служби дојдоа до овие заклучоци, пренесува германскиот онлајн портал Фокус.

„Исламистите продолжуваат да планираат да го нападнат принцот Хари. Тој го симболизира [за нив] омразениот Запад и поддржувачите на Израел“, се вели во написот.

Во написот се наведува учеството на принцот Хари во воената операција во Авганистан како причина за таквите аспирации на екстремистите. Како копилот на британски јуришен хеликоптер, тој беше дел од мисиите против Талибанците и другите исламистички групи неколку месеци.

Понатаму, се потсетува дека пред една недела медиумскиот портал на Ал Каеда го повикал муслиманското население ширум светот да изврши напад врз британското кралско семејство како поддршка на исламистичката палестинска милиција Хамас.

Принцот Хари, кој живее во САД по напуштањето на кралското семејстви, поради оваа причина е во опасност, пишува германски Фокус.

На 5 ноември беше објавено дека Чарлс III му го одзел обезбедувањето на принцот Хари наводно поради одмазда за напуштањето на кралското семејство.

Во меѓувреме пак, војводата од Сасекс го тужеше Министерството за внатрешни работи на Велика Британија поради одлуката во февруари 2020 година во која се вели дека повеќе нема да му се дава „исто ниво“ на лична заштита за време на неговата посета и престој во Велика Британија.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....