2.8 C
Скопје
04:16 - 21 март, 2026

(Фото) Ѕвездата на АББА, Бјорн Улвеус се ожени по третпат на 79-годишна возраст

Ѕвездата на легендарната група АББА Бјорн Улвеус се ожени со својата девојка Кристина Сас во Копенхаген. Според неговите зборови, музичарот се вљубил „од глава до петици“ во својата нова сопруга, која 79-годишниот маж ја запознал во Германија. Таа е неговата „трета голема љубов“, како што еднаш рече Бјорн Улвеус на шведската телевизија, пишува Т-Онлајн.

„На 21 септември 2024 година, Бјорн Улвеус се ожени со Кристина Сас од Хернинг во Данска“, се вели во објавата на официјалната страница на музичарот на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Björn Ulvaeus (@bjornulvaeus)

Бјорн и Кристина се запознале во Нирнберг во 2021 година по повод објавувањето на последниот албум на ABBA „Voyage“ и почнале да се забавуваат пролетта 2022 година. Свадбата се одржа во Копенхаген во присуство на блиски пријатели и семејството.

79-годишниот музичар на Инстаграм сподели и информации за неговата свадбена церемонија, која беше многу лежерна. Бјорн Улвеус беше облечен во сив костум со бела маичка одоздола. Кристина Сас избра некласична венчаница, односно фустан во минт-злена нијанса.

Бјорн Улвеус го направи своето прво јавно појавување со Кристина Сас во 2022 година. Двојката неодамна присуствуваше, меѓу другото, на тенискиот турнир Вимблдон.

Ова е трет брак на Бјорн Улвеус. Во 1970-тите, музичарот беше оженет со неговата колешка од бендот Агнета Фелцког, со која има две деца. Нивниот брак траеше девет години – до 1980 година. По разделбата, тој повторно се ожени на почетокот на 1980-тите.

Слични објави

(Фото) Провокативните фотографии ѝ се заштитен знак, а нејзините фитнес-совети ги следат 9 милиони луѓе

Еспресо

Се огласи адвокатот на Даниел Кајмакоски за киднапирањето: „Претпоставувам дека можеби станува збор за луѓе…“

Еспресо

Марија Шерифовиќ објави албум со детски песни, една му посвети на синот Марио

Еспресо

Марија Шерифовиќ призна дека нејзиниот син е толку залепен за неа, што не може да оди ниту во тоалет

Еспресо

(Видео) Последната објава на Чак Норис од пред само 10 дена: „Само преминувам на повисоко ниво“

Еспресо

Чак Норис зад себе остави пет деца, два брака и живот поголем од филмскиот мит, а од глумата се повлече за да ѝ се посвети на болната сопруга

Еспресо
Се вчитува....