13:51 - 30 јануари, 2026

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Инфлуенсерката Зорана Јовановиќ доби луксузен автомобил од својот вереник Елој Рум, кој ѝ го приреди изненадувањето во Мајами.

При пристигнувањето дома, ја дочека бел мерцедес со голема панделка на покривот.

„Душо, дома сум“ – напиша Зорана покрај фотографиите на кои среќна позира со голманот.

Кон средината на јануари, Зорана покажа како таа и нејзиниот вереник уживаат во првиот заеднички дом што го купиле, каде сега живеат. Видео е полно со емотивни моменти – парот се прегрнува и бакнува во уредениот дом, радувајќи се на новото поглавје, што предизвика бројни позитивни реакции од нивните обожаватели.

Во видеото што го сподели инфлуенсерката, страствено го бакнува својот вереник, а во описот напиша:

„Синоќа во нашиот прв заеднички дом – поглавје 1 завршено.“

Парот ја потврди својата врска со низа заеднички објави на Инстаграм, а Зорана јавно го покажа и вереничкиот прстен што ѝ го подарил Елој.

Нивната љубовна приказна, која започнала онлајн, подоцна прераснала во стабилна врска, што двајцата повеќепати ја истакнале како еден од најубавите моменти во нивниот живот. Зорана редовно зборува за својата среќа покрај партнерот и за заедничките планови за иднината – од уредување на домот до потенцијални преселби и нови деловни проекти.

Во текот на заедничкиот живот, парот се преселил од Србија во странство – најпрво во Холандија, а планирана им била и преселба во САД.

Слични објави

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 јануари: Ослободете се од грижите

apostolova
Се вчитува....