0.8 C
Скопје
22:46 - 18 декември, 2024

ФОТО | Зои Блаж: Добивав неубави пораки и погледи кои ме повредуваа додека се борев со мојот проблем, денес сум среќна за тоа што сум!

Социјалните мрежи, особено Инстаграм, се преполни со таканаречени инфлуенсери. Но, што навистина треба да претставува еден инфлуенсер? Самото значење на зборот, укажува на тоа дека инфлуенсер е оној кој има влијание врз оние кои го следат. Е сега, можеби најважното прашање е: Какво е тоа влијание? Зошто нашата денешна соговорничка е една сосема поинаква инфлуенсерка, дознајте во продолжение.

Зорица Блажева е родена на 6 јуни 1995 година во Скопје. Завршила средно музичко образование и исто така е студент на музичка академија но, како што вели, веќе долго време студиите ѝ се во мирување и додава:

– Можеби некогаш ќе го завршам факултетот. Но, сега сум посветена на својот салон за убавина – „Стар Мејк Ап “. Дефинитивно обожавам да се фотографирам и би кажала дека тоа е моето хоби.

Низ воздишка одговара дека имала турбулентно детство, со многу убави, но и многу лоши моменти, како и во речиси секое семејство. Зои вели дека многу добро знае како е да немаш што да јадеш, но за среќа, знае и како е да имаш сè што ќе посакаш.

– Моите родители се најголеми борци за мене и брат ми, никогаш не ни било скратено од нешто што сме сакале, но нè учеле да го добиеме тоа по заслуга и да го цениме секој денар. Јас сум човек што секогаш ги памети убавите спомени, а од лошите извлекувам само поука како не треба. И да, среќна сум што денес сум толку храбра, силна, смирена и самоуверена, токму поради тие проблеми, вели Зорица.

Во последните четири години, Зорица Блажева се соочувала со проблем, кој навидум можеби и не е толку голем и страшен, но на таа возраст, и тоа како може негативно да се одрази врз емотивниот и психички развој. Имено, таа имала сериозни проблеми со акните на лицето.

Еве што вели за таа состојба:

– Проблемите прв пат ми се појавија некаде пред речиси 4 години и искрено од пречисто, негувано лице, преку ноќ ми стана најголем проблем. Постојано добивав неубави пораки и погледи кои ме повредуваа многу, но благодарение на нив, јас сфатив колку треба да се сакам себеси онаква каква што сум и дека сè е тоа минливо. Но, оние кои ме повредуваа се тие кои треба да се запрашаат кои се и што се. Секогаш велам дека јас ќе го решам проблемот со акните, но, тие со мозокот, веројатно  никогаш! Сега сум девојка што дава мотивација на други девојки за да се сакаат себеси и да научат да одат со крената глава. Тоа ме прави многу горда, бидејќи секојдневно добивам пораки како сум помогнала некому, дали било тоа со третмани, терапии или пак, како психички да се изборат со тоа. Да не должам, ништо никој неможе да ни наштети и навреди ако ние не дозволиме!

Сепак, раскажува Зои, на почетокот, одбивала да се погледне во огледало, не сакала да комуницира со никого, едноставно, не се сакала самата себе. Постојано плачела, била депресивна, имала многу прашања на кои не можела да си одговори, но верува дека сето тоа било една голема лекција за нештата да станат многу подобри.

– Во најтешките моменти, моја најголема поддршка ми беше дефинитивно семејството, Тадеј (моето момче) и пријателите за што премногу сум им благодарна, вели таа.

Во врска со прашањето, дали можеби изборот на нејзината професија (мејкап уметник), претставувало начин да си помогне на самата себе, Зои вели дека отсекогаш сакала да се занимава со тоа, бидејќи се чувствува многу убаво и исполнето кога гледа среќни, задоволни и насмеани женски лица

– Тоа го правам од љубов и секојдневно учам нови техники, ни рече Зои.

Од денешна перспектива, вели дека не се кае, ниту пак жали за било што од минатото, бидејќи смета дека доколку не биле направени тие „грешки“, таа немало да биде она што е денес, и низ насмевка продолжува:

– Јас сум секогаш за тоа самата да згрешам и така да научам, отколку да учам од туѓите грешки.

За крај, ја замоливме Зорица Блажева, да испрати кратка, но моќна порака до сите девојки кои имаат проблем сличен на нејзиниот:

– Сакајте се себеси онакви какви што сте, со сите маани и доблести и секогаш на негативните погледи или коментари, возвратете со силна и искрена насмевка! 

За постојана поддршка и мотивација на оваа тема, ѕирнете го Инстаграм профилот на Зорица Блажева – ТУКА. 

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....