8.8 C
Скопје
20:58 - 16 март, 2026

(Фото) Живот како од бајка во Белгија: Пејачката Елена ужива во секој момент

Живот како од бајка живее нашата позната пејачка Елена Петреска откако се пресели во Белгија со семејството.

Новата слика која ја објави од Гент, еден од најубавите белгиски градови е во празничен амбиент и е највистина како од бајка, со убав поглед и чаша шампањско.

Фото / Инстаграм

Елена Петреска е позната по својот убав глас, а живее во Белгија со своето семејство, со сопругот Андреј и со двете деца, ќерката Софиа и синот Михаел. Но, во една прилика, таа си ја отвори душата за тешкиот пат кој го поминала.

Првиот таканаречен шамар беше кога заради финансиската состојба во која западнавме морав да се вратам во Прилеп и да ги прекинам студиите на Музичка академија.

Бев разочарана и депресивна, но одлучив да се борам, секогаш се сеќавам на тие 280 денари за автобуска карта кои ми ги даде мојот тетин и со кои се вратив назад во Скопје и почнав да пеам за да заработувам за живот- рече пејачката за „Женски магазин“.

Сега, на новите слики кои ги има објавено на нејзиниот фејсбук-профил, таа е вистинска дама со стил, изгледа убаво и среќно во центарот на Монс во Белгија.

Елена Петреска неодамна во Париз Фото / Инстаграм

Слични објави

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

Гоца Тржан јавно ѝ призна на хрватската пејачка: Со години те гледам гола и се „палам“ на тебе!

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо

(Фото) Ова е последната фотографија од Ксенија Пајчин! 48 часа пред смртта била со овој маж, се снимале во автомобилот

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо
Се вчитува....