7.8 C
Скопје
21:17 - 31 март, 2026

(Фото) Живкица во уникатно и елегантно издание на важен настан

Живкица Каленикова во многу уникатно и елегантно издание се појави на важен настан, а многумина коментираа колку добро изгледа водителката.

Таа го водеше концертот „Летај галебе“, заедно со нејзиниот колега Огнен Јанески, кој на Фејсбук даде одличн опис за овој настан.

– Синоќа, во Скопје се случи еден невиден музички спектакл. Кога велам невиден, не мислам на досега невиден, туку одамна неслучен, бидејќи се фокусираме на сосема други нешта, наместо на тоа што за нас претставува музичко наследство.
Концертот „Летај галебе“, посветен на маестро Кире Костов синоќа здружи еден куп луѓе за да се оживеат песните кои дел ги знаеме наизуст, а и дел кои се подзаборавени. И преку импресивните вокали на нашите пејач(к)и – млади од една и искусни од друга страна – песните живописно нѐ одведоа до световите кои сме ги подзаборавиле.

Фото / Фејсбук
Поради Кармен Костова која нѐ собра на сцена, со организација на „Баги комуникации“, а во чест на нејзиниот, но и наш – Кире, емоцијата беше главна водилка низ целата ноќ. За голем дел од нас, ноќта не заврши со пеење само на сцената, туку продолжи до доцна и зад неа.
Велат дека можеби најголемиот предизвик за тие коишто работиме на сцена е токму моментот за тоа како да ги прифатиме комплиментите за нашата работа. А тоа е поради фактот што само публиката в сала знае точно дали настанот поминал одлично, а ние тоа ќе мора да го сведочиме гледајќи снимки.
Но, сите зборови, сите новинарски извештаи, сите објави по социјалните мрежи го потврдуваат чувството што го имавме сите зад завесите – кои пеевме, танцувавме, се смеевме и се сеќававме на времиња кои ни недостасуваат.
И на сите ни мина концертот како во миг, и сакавме уште. Како и музиката на маестро Костов – не само 700 композиции, туку милион чувства и спомени сосе нив. И искрено сум среќен, што ни беше дадена можноста на Живкица Каленикова и мене, да бидеме водители низ овој концерт.
Благодариме! – напишал Огнен Јанески.

Фото / Фејсбук

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....