14:10 - 3 април, 2026

(Фото) Зависноста од шопинг ја донесе до питачки стап, Тори Спелинг го плаќа данокот на луксузниот живот

Тори Спелинг, поранешната холивудска ѕвезда и ќерка на еден од најголемите магнати во Холивуд,  неодамна се разведе од сопругот Дин Мекдермот, со кој имаше пет деца и сега живее во камп со своите деца.

Наводно, голем дел од имотот на нејзиниот татко отишол кај нејзината мајка Кенди, чија финансиска помош таа ја одбила, со што се ставила во непријатна ситуација.

Упатените тврдат дека тоа не е единствениот проблем на Тора. Таа има проблем со зависноста од шопинг и луксузен начин на живот, наводно, месечните сметки и се околу 100.000 долари.

„На нејзиното трошење му нема крај. Во 2016 година имаше една соба во која кутии беа набиени до таванот, кои никогаш не ги отвори. Во бањата имаше облека со етикети и цени”, рекол изворот.

Покрај тоа, таа многу вложува во животни, па се додаваат и трошоците за нивна грижа, а како што се наведува, нивната куќа некогаш била како „јама полна со животни како змии, свињи и творови“, вели изворот. .

Од друга страна, има и такви кои сметаат дека поранешната ѕвезда прави се за да се промовира и да добие покана за некое реално шоу, со оглед на тоа дека и требаат пари и воопшто не и пречи публицитетот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tori Spelling (@torispelling)

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....