09:05 - 13 април, 2026

(Фото) Водителката која за љубов си замина од Македонија пред десет години и стана мајка, денес изгледа како модел

Водителката која пред десет години од Македонија поради љубов се пресели во Словенија и има син, изгледа како модел.

Станува збор за Марија Петровска, некогашната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“. Таа и нејзиниот партнер Михаел Сказа во март во 2023 година станаа родители на Домен, во Словенија, каде што Марија живее изминативе десет години.

Марија на инстаграм објави прекрасни божиќни слики со семејството, а на нив, таа изгледа како модел, и се нема воопшто сменето од времето кога беше актуелна на телевизија кај нас.

Фото / инстаграм

Во 2015 година, по долгогодишна врска, Марија реши да се пресели во Словенија кај својот сакан, кој по професија е стоматолог. Прво живееја во Цеље, но се преселиле во Марибор поради поголемите можности кои овој град ги нуди и поради тоа што е родниот град на партнерот на Марија.

Во една прилика, Марија за „Слободен печат“ рече дека таа и Михаел засега не планираат венчавка, затоа што за нивната љубов која со години опстојувала прво на далечина, а сега и како родители, не е потребен потпис во матично како доказ.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....