23:28 - 24 февруари, 2026

(Фото) Во танга пливаше среде планина на дожд: Ова е најхрабрата Македонка

За неа ниту дождот ниту студеното време не се пречка да го покаже убавото тело и да се искапе во студена вода среде ноември, и тоа на планина.

Станува збор за Бети Котовачевска од Ресен, на социјалните мрежи позната како Бетика, чија специјалност е капење во студена вода среде зима. Овојпат, Бетика беше во Ротино на планината Баба, едно од нејзините омилени места.

Таа објави инстаграм-приказна како влегува во езерото на дожд, облечена во танга костим за капење кој ги истакнува нејзините облини.

Фото / Инстаграм

Бетика, позната како ледената Македонка, пред две години беше на експедиција, искачување на Алпите во Франција, организирана од екстремниот холандски атлетичар Вим Хоф, кој е нејзина инспиирација за капење во студена вода.

Ова искачување се разликува по тоа што на Алпите се искачи во шорцеви и маица, а дополнителен предизвик е, како вели таа, тоа што се искачувале сосема гладни и без да се напијат воопшто вода.

Се капела во студена вода во 35 земји, а во Лапонија го поставила својот рекорд во вода која имала нула Целзиусови степени, а надворешната температура била минус 34.

Фото / Инстаграм

 

Бетика десет години професионално играла ракомет и планинарела, сѐ до тешката сообраќајка која ѝ го сменила животот.

 

Во тој период не знаела како да се избори со тоа зашто имала само 18 години. Ја спасиле холандскиот спортист Вим Хоф, познат како Ледениот Човек и неговата филозофија.
Фото / Инстаграм

 

 

 

Слични објави

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо
Се вчитува....