6.8 C
Скопје
04:13 - 31 март, 2026

(Фото) Виолет, ќерката на Џенифер Гарнер и Бен Афлек, во ретко издание во Белата куќа

На државната вечера на Бајден, ќерката тинејџерка на двете ѕвезди пристигна со нејзината мајка. Меѓу другите гости, беше и Макрон со сопругата. 

Џо Бајден со сопругата Џил, Емануел Макрон и неговата сопруга пречекаа многу специјални гости. Виолет Афлек, ќерката на Џенифер Гарнер и Бен Афлек (17), ретко се појавува во јавност а ова е нејзино прво присуство на државна вечера на администрацијата на Бајден во Белата куќа.

Таа пристигна во црн фустан на Каролина Херера со принт на дискретни срциња во малку посвета црна нијанса, додека мајката – Џенифер Гарнер, носеше фустан од Ралф Лорен и ја држеше ќерка си за рака.

Од нивната љубов, Џенифер Гарнер и Бен Афлек, кој сега е во брак со Џенифер Лопез, имаат уште две деца, Серафина Роуз (13) и Семјуел Гарнер (10).

Џенифер Гарнер и нејзината ќерка беа меѓу 400те познати личности кои присуствуваа на гала вечерата во чест на државната посета на Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....