07:00 - 6 април, 2026

(Фото) Уште долго да те славиме: Каролина објави фотографија од важна жена во нејзиниот живот

Каролина Гочева сподели ретка фотографија на својот инстаграм-профил, од семејна прослава во нејзината родна Битола.

– Уште многу години да те славиме наша тетка Ленче – напиша пејачката на инстаграм-приказната од 80. роденден на тетката за која се гледа дека е убава и негувана дама.

Фото / Инстаграм

Каролина и нејзината сестра многу наликуваат на нивната мајка Светлана која е исто така убава и негувана жена, а во една прилика, кога ѝ беше роденден, поп-ѕвездата за неа напиша:

– Среќен роденден на најважната жена во нашиот живот! Те сакаме најмногу мамо! Секогаш да си ни насмеана како на фотографијава – напиша пејачката.

Каролина лани објави фотографии од јубилејниот, 70. роденден на мајка ѝ и нивната прослава во Битола.

Каролина секоја година традиционално оди на одмор со женските членови на семејството, сестра ѝ Александра и двете внуки Луција и Инес и споделува фотографии од нивните авантури.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....