-2.2 C
Скопје
08:07 - 22 декември, 2024

(Фото) Убавата „Зона Замфирова“ се подложила на естетски корекции: Нема ниту една брчка и изгледа многу природно

Катарина Радивоевиќ важи за една од најубавите српски актерки, која со годините станува сè поубава. Многумина коментираат дека старее исто како и виното, па годините за неа се само бројка.

Актерката има 42 години, но изгледа далеку помладо. Катарина истакнува дека за нејзиниот изглед делумно е заслужна генетиката, а освен тоа, вежбала во целиот свој живот.

 


– Јас сум тип на човек кој не умее ништо да скрие, па секогаш сум искрена со својата публика. Мислам дека мојот изглед главно се должи на генетиката, а сè би ви било јасно доколку ги видите моите родители … Не сакам да се фалам, но и целиот мој живот јас вежбам. Тоа му помогна на моето тело да биде во форма дури и кога поради обврски не тренирам две или три недели. Телото памети и успева да задржи добра форма – изјавила Катарина.

 


Една од ретките е кои успеале да ја задржат својата природна убавина, а и покрај шпекулациите дека имала естетски корекции, Катарина открила дека правела само ботокс.

– Имам малку ботокс, онолку толку да и понатаму можам да се намуртам – бидејќи морам поради работата. Согласни сме со докторот дека помалку е подобро. Го третиравме целото чело и малку околу очите. Имам 42 години и тоа е нешто што веќе се забележува. Имам исклучително светли очи и кривогледство, па кога летото ќе заврши, се појавуваат неколку дополнителни брчки. Тогаш тој ми вели: „Се појавија брчките“. Потоа додаваме ботокс, доколку ништо не снимам – изјавила актерката која својот добар изглед го надополнува и со пост, сметајќи дека внатрешната грижа е многу важна.

 


Таа нагласила дека е родена со пополни усни, силна вилица и истакнати јаболчици, иако постојат бројни гласини за нејзините корекции на лицето. Од друга страна, Катарина е исклучително внимателна околу исхраната, ретки се приликите кога си дозволува да се опушти.

– Немаше потреба нешто да менувам. Ги разбирам девојките кои добиваат самодоверба од интервенции, но тоа треба да се прави умерено и да не се претерува. Моето искуство покажа дека жените кои менуваат многу работи на себе го прават тоа затоа што не се сигурни самите со себеси. Кога би го виделе мојот татко, би знаеле дека мојата уста е природна. Тој остаре, но сè уште ја има таа уста – истакнала убавата актерка.

Многу се плаши од операции и агресивни интервенции, особено на лицето

– Многу се плашам од операции и поагресивни интервенции, бидејќи лицето ми е алатка за работа. Имам спуштени очни капаци и ми говореа дека во еден момент ќе морам и јас да ги подигнам. Сите мои пријателки имаат ботокс колку и јас. Ги слушам нивните совети и обично ги пуштам тие да направат нешто први па да видам како тоа изгледа – низ насмевка раскажала актерката.

Катарина истакнала дека не би ги допирала градите, но планира да провери дали има предиспозиција за рак на дојка.

– Засега не би ги допирала градите, но бидејќи планирам да направам генетска анализа како би проверила дали имам предиспозиција за рак на дојка и ако дознаам дека имам, тогаш би ги отстранила и би ставила силикони. Анџелина Џоли прва го направи тоа пред неколку години – изјавила Радивоевиќ и додала:

„Исто така, кај докторот кој ги замрзна моите јајцеклетки, слушнав за третманот подмладување одвнатре. Станува збор за подмладување на јајниците, „Сегов“, кој тој ми го предложи и рече дека тоа е најиновативниот и најбезбеден третман. Колку што разбрав, ти земаат мал дел од ткивото и го замрзнуваат, а кога ќе настапи менопаузата и кога хормоните послабо ќе работат, така би ви ги ревитализирале јајниците“, заклучила актерката.

Слични објави

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо
Се вчитува....