10.8 C
Скопје
18:30 - 15 март, 2026

(Фото) Убавата Шехерезад наскоро во нова серија како русокоса

Турската актерка Бергузар Корел ќе игра во новата серија „Јазол“ зад која стои OGM Pictures. Ова е прва улога на Корал, после неколку години пауза, откако се повлече од актерството заради третата бременост. За потребите на новата серија, таа целосно го смени имиџот и стана русокоса.

Актерката ги собра сите комплименти откако на социјалните мрежи ја објави фотографијата.

Во новата серија Корел ја глуми новинарка Неслиха Турхан, која води емисија за досиеја на исчезнати лица и за убиства. Таа е пред предизвик кога нејзиниот единствен син ќе биде обвинет за убиство на нејзина пријателка. Снимањето на серијата почна неодамна,  а премиерата е во 2024 година. Ова е прва турска серија снимена во соработка со „Амазон прајм“.

За потсетување, таа е во брак со актерот  Халит  Ергеч со кого имаа два сина и една ќерка. Двојката се запозна на снимањето на серијата „Илјада и една ноќ“, се вљубија, а кратко потоа се венчаа. И денес во јавноста, Бергузар , која е една од најплатените турски актерки, ја нарекуваат Шехеразд, по улогата со која и стана позната на јавноста.

 

Слични објави

Тони Цетински покрај богатата кариера има и богат љубовен живот: Трипати кажал „да“

Еспресо

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо
Се вчитува....