11:53 - 29 март, 2026

( Фото) Трогателен момент на концерт: Пораката од синот ја расплака Марија Шерифовиќ пред публиката

Пејачката Марија Шерифовиќ синоќа, по повод Осми март, одржа уште еден концерт во Белград, кој во еден момент мораше накратко да го прекине.

Причината беше емотивно изненадување што ја дочека на сцената. Таа на почетокот од концертот му ја посвети песната на Халид Бешлиќ на својот покоен татко Рајко, по што им се обрати на присутните.

Нејзиниот говор беше прекинат кога на големиот екран во салата се појави фотографија од нејзиниот син Марио.

Малиот држеше црвена роза, а над фотографијата стоеше пораката: „Мама Маија, среќен Осми март“. Пејачката беше видно трогната и со солзи во очите им се обрати на членовите од својот тим.

„Немојте да ми го правите ова. Јас треба да работам, а моето его не е среќно кога плачам“, рече Марија Шерифовиќ, па додаде:

„Сонце мое, те гледам. Сонцее! Тој е едно големо сонце! Ете, тргнете го сега веднаш!“

Трогателниот момент го сними пејачката Ана Севиќ и видеото го сподели со кратка порака: „Не останавме без зборови само ние“.

Концертот на Марија Шерифовиќ синоќа од првиот ред го следеше и пејачката Александра Пријовиќ, која во салата се појави во елегантна и скапа модна комбинација.

Слични објави

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.
Се вчитува....