18:33 - 2 април, 2026

(Фото) „Тој никогаш не ме напушти“: Северина се расплака поради мажот кој ѝ бил поддршка во најтешките моменти

Северина Вучковиќ во петокот имаше концерт во родниот Сплит, а веќе емотивната вечер ја направи уште потрогателна кога пејачката почна да ја пее песната „Вирујем у те“. Ја посвети на мажот кој беше со неа низ сите подеми и падови. Станува збор за нејзиниот пријател и менаџер Томислав Петровиќ, кој во моментот се наоѓа во болница. Таа сакала да создаде спектакуларна атмосфера во салата, па затоа ја замолила публиката да ги вклучи блицовите на своите мобилни телефони.

„Сакам да претставам еден посебен човек во мојот живот. Тој не е мој менаџер. Тој е мој пријател. Тој никогаш во животот не ме напушти, дури ниту кога јас него го напуштив, тој не ме напушти“, рекла Северина низ солзи.

На големиот екран се прикажувале фотографии и снимки од Северина и Томислав, а на тој емотивен момент никој не можел да остане имун. По настапот, публиката ја наградила Северина со громогласен аплауз.

„Прегрнете ги вашите пријатели вечерва.“ „На секого му посакувам еден Томица во животот. Пријателите се вашето семејство, а тој ги живееше со мене сите убави и тажни моменти“, им рекла Северина на присутните.

Кон крајот на концертот, пејачката ја извела и песната „Rođeno moje“, која секогаш му ја посветува на својот син Александар.

„Сега песна за најважниот маж во мојот живот, неговото срце чукаше под моето. Неколкупати се обидоа да ми го одземат, а денес, по 12 години борба, мојот син живее со мене“, гордо рекла Северина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Слични објави

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо
Се вчитува....