7.8 C
Скопје
00:47 - 31 март, 2026

(Фото) Тијана плаче и го бара саканиот: Пејачката изненади со тажна објава

Со солзи во очите и осамена, тажно видео какво што не сме навикнати да гледаме од неа, Тијана Дапчевиќ објави на својот инстаграм-профил.

Тијана плаче, ги брише солзите, сама шета низ градот, а потоа го здогледува саканиот и не го поздравува. Пејачката и актерка на прв поглед изненадува со оваа приказна, со оглед на тоа дека важи за ведра и духовита личност.

Фото/ Инстаграм

Ова е дел од спотот на нејзината нова песна „Најскапа“; тажна балада чиј спот е како мини филм, а е снимен во Италија. Во песна, Тијана ги пее следните стихови:

– Дајте уште вино, тагата да ја скршам, и други очи, солзите да ги сокријам. Доаѓам прва и секоја ноќ последна останувам, излажи ме барем дејка ти недостасувам. Се сеќаваш ли љубов, во добро и во зло? Свирете ми ја Цигани, онаа најскапата“.

Под видеото на Инстаграм, Тијана доби многу позитивни критики за оваа балада. „Врв, екстра, најскапа“, се дел од коментарите, а дел од оние што ја фалат се и водителките и новинарки Катерина Тодевска-Спасиќ и Јована Стојменовиќ.

„Топ Тијана“, вели Катерина, а Јована едноставно искоментирала: „Преубаво!“

Целото видео можете да го видите ТУКА. 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....