6.8 C
Скопје
08:48 - 1 април, 2026

(Фото) Снежните сцени во Далмација се „нереални“: Тотален колапс на патиштата, луѓе преспивале во автомобилите

Снегот и лошите временски услови предизвикаа вистински сообраќаен хаос од синоќа во Хрватска, а состојбата не е подобра ни утрово, особено е отсечена Далмација.

Сè уште нема слободен патен правец за ниту една група возила од правец на Далмација кон внатрешноста на Хрватска. Многумина останаа заробени во колони и во сообраќајниот колапс предизвикан од снежното невреме што ги нападна Горски Котар и Лика. За сериозноста на ситуацијата говори и тоа што се отворени неколку прифатни центри за лицата кои останале во колоните. Некои мораа да преноќат во автомобили, пренесуваат хрватските медиуми.

Спасувачите на ХГСС од станиците Задар, Шибеник и Сплит синоќа беа на терен, најмногу ангажирани за помош на патниците заглавени на патиштата поради големото количество снег на релации Задар – Грачац и Книн – Грачац. Во Книн беше отворен прифатен центар. Во текот на вечерта максимално беа ангажирани полицајци кои им помагаат на патниците на терен и апелираат до граѓаните да не излегуваат на пат.

Полицијата синоќа апелираше до граѓаните да не излегуваат на пат, пренесуваат хрватските медиуми.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....