7.8 C
Скопје
06:16 - 2 април, 2026

(Фото) Сите „луди“ по Хари Стајлс: „Никој освен него не го може ова!“

Пејачот и поранешен член на One Direction, Хари Стајлс, го привлече вниманието на обожавателите со екстравагантен изглед на црвениот тепих на Греми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by evie (@aquariusrrry)

Изведувачот се појави на 65-та годишна церемонија во светoл комбинезон украсен so kristali Сваровски. Моделот на облека беше изработен со длабоко деколте и без ракави.

Твитер изобилува со различни позитивни коментари за стилот на Стајлс: „Ја сакам оваа облека за Греми. Хари Стајлс изгледа неверојатно. Никој освен него не може да се облече вака“, „Аутфитот на Хари Стајлс за Греми е сè, врв“, „Убавиот Хари Стајлс во шарен комбинезон со блескави дезени на црвениот тепих на Греми!!!“, се само дел од коменарите на фановите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 金老帥 (@king_lao_shi)

Сепак, некои беа изненадени од изгледот на изведувачот: „Хари изгледа баш како што би изгледале моите деца ако им дозволам сами да си изберат облека“.

Хари Стајлс ги освои наградите за најдобар албум и најдобар поп албум за Harry’s House. Адел ја освои категоријата Најдобра поп соло во изведба со Easy On Me.

Главна ѕвезда на вечерта беше Бијонсе, која доби награди во категориите „Најдобар денс/електронски албум“ со RENAISSANCE, „Најдобра танцова снимка“, „Најдобра традиционална R&B изведба“, „Најдобра R&B песна“.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....