1.8 C
Скопје
01:18 - 27 октомври, 2026

(Фото) Синот на Кејт Мидлтон и принц Вилијам, Џорџ од Кембриџ полни 9 години: нова официјална фотографија

кралско семејство

За да го прослават роденденот на нивното најстаро дете, Кејт и Вилијам споделија нова фотографија од момчето , направена од мајката за време на одморот на плажа, на почетокот на јули.

Како времето брзо поминува! Ни изгледа како да беше вчера кога Обединетото Кралство го прославуваше раѓањето на принцот Џорџ од Кембриџ, но веќе поминаа девет години: најстариот син на Кејт Мидлтон и Вилијам од Англија дува свеќички на 22 јули и, како што наложува кралската традиција, семејството објави нова фотографија за да го прослави роденденот.

Фотографијата, објавена од Кенсингтон палатата во доцните вечерни часови во четврток на 21 јули, беше снимена покрај море, за време на семејниот одмор на почетокот на јули. Безгрижен момент за принцот, далеку од формалните пози на кои мора да се навикне, иако често ги „прекршуваше“ особено во последните недели – од изразите на здодевност за време на прославите за платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета до гримасите (повторно од досада) на Вимблдон, и покрај тоа што Џорџ е голем љубител на тенисот.

 

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....