3.8 C
Скопје
01:45 - 16 март, 2026

(ФОТО) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Веганска торта со лимон – Без шеќер, а супер слатка!

25 рецепти за 25.000 илјади вкусни и здрави навики со Cooking with Branko.

Веганска торта со лимон и без шеќер?  Зошто да не!  Секогаш избирам квалитет, сигурност и одлична цена. Уживајте во вкусот на лимон и свежината на оваа здрава и вкусна торта без шеќер – вели шеф Бранко Попоски познат како Cooking with Branko.

Потребни состојки:

За долниот дел:

100гр. ореви
100гр. индиски ореви
100гр. бадеми
100гр. лешници
3 лажици путер од лешник
неколку урми

За кремот:

300гр. веганско маскарпоне
2 цедени лимони
Кора од лимон
150гр. индиски ореви
80мл. оризово млеко
2 мали лажички екстракт од ванила

За горниот крем:

5 лажици нишесте
150мл. оризово млеко
1 лажичка екстракт од ванила
Половина цеден лимон
2 лажици мед

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branko Cooking (@cookingwithbranko)

Начин на подготовка:

Сомелете ги состојките за долниот дел од тортата. Убаво измесете ги со рака и поставете во округли калап на хартија за печење. Убаво притиснете да се зацврсти делот и оставете го да се стегне во фрижидер.

Во длабок сад додадете го маскарпонето, цедениот лимон и екстрактот од ванила. Матете со миксер на средна брзина додека не добиете хомогена крем смеса. Во блендер додадете ги индиските ореви и оризовото млеко. Брендирајте додека не добиете крем смеса. Крем смесата истурете ја врз маскарпоне кремот. Матете со миксер. Изрендајте кора од лимон и истурете ја смесата врз долниот дел од тортата. Повторно вратете ја во фрижидер да се стегне.

Во тенџере додадете го нишестето, оризовото млеко, ванилата и медот. Варете и мешајте со дрвена лажица додека не добиете густа смеса. Оставете да се излади и потоа додадете го сокот од лимон.

Полијте ја смесата врз маскарпоне кремот. Додадете листови од нане и вратете во фрижидер додека не се зацврсти убаво.

Слични објави

Никол Кидман има необичен ритуал пред Оскарите: Тоа ме приземјува и тоа е она што обично го правам во неделите

Еспресо

Ги отпеа зборовите на љубовницата и ја откри аферата на познат политичар: Југославија зборуваше за шокантното неверство, а хитот на Јасна Злокиќ со години беше забранет

Еспресо

(Фото) Новата објава на Дарко Лазиќ по погребот на неговиот брат е срцепарателна: „Не дозволувајте никој кој не е во вашите чевли…“

apostolova

Тони Цетински покрај богатата кариера има и богат љубовен живот: Трипати кажал „да“

Еспресо

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо
Се вчитува....