12.8 C
Скопје
22:08 - 26 март, 2026

(Фото) Сергеј Четковиќ со семејството на егзотична плажа: „Моите ќерки знаат дека се посвоени“

Познатиот пејач Сергеј Четковиќ ја воодушеви јавноста со фотографија од семејниот одмор на егзотична дестинација. На фотографијата, тој се гледа како ужива заедно со сопругата Кристина и посвоените ќерки Лола и Мила, додека сите седат прегрнати на лежалки на песочната плажа, опкружени со море и релаксирана атмосфера.

Сликата ги воодушеви неговите следбеници на социјалните мрежи, кои во коментарите истакнуваат колку семејството изгледа среќно, љубовно и хармонично. Сергеј бил во бела кошула, а Кристина во прекрасна жолто, лесно фустанче.

Сергеј и Кристина, по 12 години брак, посвоија две девојчиња, Лола и Мила, веднаш по нивното раѓање. Тие веднаш им кажале на ќерките дека се посвоени, бидејќи сметаат дека искреноста е важна.

– „Проблемот и бариерата кај луѓето е стравот што ќе се случи кога децата ќе дознаат дека се посвоени. Моите ќерки знаат од самиот почеток. Им раскажав дека постои една училишна приказна за деца, каде ние дојдовме, а тие ни рекоа: ‚Па, каде бевте до сега?‘“ – открива Сергеј.

Тој додава дека се трудел да им ја раскаже приказната на најсликовит и најблизок начин до бајка, за да им биде разбирливо и пријатно.

Сергеј и неговата сопруга се јасни и по прашањето за биолошките родители на Лола и Мила:

– „Сè знаат, и ако сакаат да ги запознаат своите биолошки родители, ќе направиме сè што е во наша моќ да им се овозможи тоа. Нема причина за страв – ние сме им биле родители и тоа никој не може да го промени, без разлика што не сме ги родиле биолошки.“

Слични објави

(Фото) Му беше верна на Владимир Путин, а потоа му сврте грб – Која е згодната руска ТВ-водителка Викторија Бонја?

Еспресо

(Видео) Хрватските претставнички на Евросонг ја обработија легендарната евровизиска песна и ја подигнаа публиката на нозе – се огласи и Руслана

Еспресо

(Фото) Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ стана дедо! Качен на стол славел до зори

Еспресо

Како девојче – Јелена Розга ги „запали“ социјалните мрежи со фотка од Калифорнија

Е.А.

Испливаа детали за раскинувањето: Откриено што точно ѝ пресудило на врската меѓу Лука Дончиќ и Анамарија Голтес

Еспресо

10 години без Маринко Маџгаљ: Пријателите со солзи во очите се присетија на „принцот со незаборавна насмевка“

Е.А.
Се вчитува....