7.8 C
Скопје
22:48 - 30 март, 2026

(Фото) Се омажи братучетката на Наташа Беквалац! Пејачката се бореше за бидермаерот

Пејачките Наташа Беквалац и Марија Микиќ присуствуваа на свадбата на братучетката на Беквалац, Катарина, каде што се бореа за бидермаерот.

Иако и двете се разведени, Наташа и Марија, која неодамна откри дека е подготвена за нова љубов, се обиделе да го фатат букетот на невестата, бидејќи според популарното верување, која девојка ќе го фати, е следната што ќе се мажи.

Сепак, двете овој пат немаа толку среќа. Сестрата на Наташа, Кристина Беквалац, исто така разведена, се приклучи во борбата за бидермаер, но ниту таа не успеа да го фати.

Според видеото објавено од Марија на нејзината инстаграм-приказна, Наташа повеќе го сакала букетот, па застанала во првиот ред, но невестата го фрлила во спротивната насока и го фатила друга девојка.

– Многу сум тажна – рече Наташа, додека Марија додаде:

– Ми се крши срцето – рекоа пејачките, кои всушност го искористија моментот за забава.

Пејачките објавија и заедничка фотографија со познатиот цитат од песната „Љубица се удат нече“  од „Забрането пушење“.

Инаку, Беквалац зад себе има три брака: беше во брак со Данило Икодиновиќ, Љубомир Јовановиќ и Лука Лазукиќ.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....