5.8 C
Скопје
05:57 - 1 април, 2026

(Фото) Романтичен поглед на Токио: Еве како ужива Каролина Гочева со саканиот

Каролина Голева сподели нови фотографии од одморот во Јапонија, а една е највпечатлива, со романтичен поглед на Токио, во кој ужива со сопругот, Михаил Корубин.

Каролина е сликана во „Ропонги Хилс“, голем комплекс во Токио, Јапонија, со канцелариски, станбени, комерцијални, културни и рекреативни објекти. Ја содржи 54-катната кула „Мори“, уметничкиот музеј „Мори“, градината „Мори“ и други актракции.

Каролина и Михаил секој слободен момент го користат да уживаат во патувањата и да истражуваат нови места и нивната култура и традиција.

На 22 октомври, многу пријатели, соработници и семејството како најголема поддршка дојдоа на изложбата „Артокен генеза“ на Михаил Корубин на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Еден од најпознатите уметници од помладата генерација ја промовираше и новата книга „Артокенс“.

Корубин е дел од познато уметничко семејство. Татко му, сликарот Рубенс Корубин беше на изложбата, како и мајката, модната дизајнерка Лиле Корубин, сопругата, Каролина Гочева и многу други.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....