01:21 - 6 април, 2026

(Фото) Рај на земјата: Теа Таировиќ го минува медениот месец на луксузна дестинација

Музичката ѕвезда Теа Таировиќ конечно си го оствари сонот за меден месец. Иако судбоносното „да“ го изговори уште во мај минатата година, поради бројните настапи и обврски, таа дури сега успеа да одвои време за одмор со сопругот Иван Вардај.

По Нова година, двојката отпатува на една од најлуксузните и најпосакувани дестинации во светот – Малдивите, каде што уживаат во неколкудневен одмор далеку од секојдневието, обврските и јавноста.

Фото: Инстаграм/Теа Таировиќ

Теа на социјалните мрежи сподели серија фотографии од егзотичниот остров, на кои може да се види како ужива во сонцето, морето и мирот што го нуди оваа дестинација. Дел од фотографиите се во боја, дел црно-бели, но сите зрачат со релаксација и летна атмосфера.

Она што веднаш го привлече вниманието на следбениците е нејзината витка фигура, која дојде до израз во внимателно одбраниот костим за капење. Коментарите и комплиментите не изостанаа, а пејачката кратко и симпатично се огласи од рајската дестинација.

„Убави сме, здрави сме, одморени сме“, напиша Теа во описот на фотографиите.

Судејќи по објавите, Таировиќ максимално ужива во љубовта и заслужениот одмор, а нејзиниот меден месец изгледа токму како што многумина го замислуваат – како вистински рај на земјата.

Фото: Инстаграм/Теа Таировиќ

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....