Пејачката Емина Јаховиќ денес, 15 јануари, наполни 43 години, а во семејниот дом во Турција доби изненадување кое предизвика лавина од емоции.
Имено, нејзините синови, Јаман и Јавуз, се потрудија максимално да го направат роденденот на својата мајка магичен.
Тие го украсија домот со балони, а две торти привлекоа посебно внимание – на едната пишуваше „Мамо“, додека на другата имаше порака „Среќен роденден! Те сакаме многу“, што видливо ја трогна пејачката.

Емина ги сподели фотографиите од роденденското изненадувње со своите следбеници на Инстаграм, покажувајќи колку е среќна и горда на своите наследници.
На една од фотографиите, таа го држи своето куче во раце, додека нејзините синови се до неа, а пред нив е торта со запалени свеќи.

Со оглед на тоа што полноќта пристигна во Турција два часа порано отколку во нашата земја, прославата започна порано отколку во нејзината родна Србија.

