2.8 C
Скопје
11:53 - 21 јануари, 2025

(Фото) Приватниот живот на Карлос Алкараз: Која е неговата поубава половина, згодната Марија Гонзалес?

Уште како дете изјавил дека Рафаел Надал е неговиот спортски идол, што го инспирира, но смета дека неговата игра повеќе наликува на онаа на Роџер Федерер.

Инстаграм

Карлос Алкараз е е дефиниран како наследник на Рафаел Надал. Еден е од најмладите тенисери познати низ целиот свет. Агресивен во својата техника, со голема физичка сила и издржливост, неговата стратегија за игра се заснова на интензитет, а особено е препознатлив по неговиот бекхенд дефиниран како „цврст и моќен“.

Роден е на 5 мај 2003 година во Мурсија, Шпанија, почнал да игра тенис на тригодишна возраст во училиштето на неговиот татко. Од многу млада возраст станува регионален шампион во категоријата до десет години, а на 15-годишна возраст влезе во академијата „Еквелите“ во Вилена, во која беше вклучен и поранешен светски шампион Хуан Карлос Фереро, кој стана негов тренер.

Инстаграм

Еднставно незапирлив

Подемот на Карлос Алкараз во елитата на светскиот тенис беше брз, вртоглав и спектакуларен. 19-годишниот феномен од Мурсија во 2022 година беше едноставно незапирлив, постигнувајќи успеси на турнирите во Рио де Жанеиро, Мајами, Барселона и Мадрид и моменталното прво место на АТП рангирањето. Најважниот успех секако беше оној во финалето против неговиот идол и претходник Рафаел Надал (победник на 22 слема и долго време број еден во светскиот тенис). Моментално, враќањето во форма на Новак Ѓоковиќ значи дека Алкараз падна на второто место во генералниот пласман, но 2023 година допрва почнува и многу младиот феномен сигурно нема намера да се откаже од првата позиција без борба. Како и секој тенисер кој верува во себе, и тој сонува да може да се избори за Грен слем, односно да ги освои сите четири слем турнири во една година и дефинитивно да влезе во историјата на овој спорт.

Со оглед на тоа што е само на почетокот на кариерата и дека пред него се најмалку 15 години тенис на највисоките нивоа, Алкараз има доволно време да успее во потфатот и доколку сака да продолжи да постигнува успеси има време да урне неколку рекорди. Сепак, амбициозното, но скромно момче, Карлос Алкараз не брза со резултатите и знае дека доколку навистина сака да остави свој белег во тенисот ќе мора да се потруди.

Во моментов тој ужива во подвизи на теренот, а во слободно време, се релакира во друштво на неговата девојка Марија Гименез Гонзалес, тенисерка како него, но и музичарка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARIA GONZALEZ (@mariaaagimenezz)

Која е неговата поубава половина?

Срамежлив и воздржан тип, Алкараз никогаш јавно не зборувал за својот приватен живот и на социјалните мрежи се труди ништо да не „протече“. Неговиот Инстаграм профил е монополизиран со фотографии од тениските терени и остава многу малку простор за различни аспекти од неговиот живот. Меѓутоа, пред извесно време, тенисерот објави на социјалните мрежи слатка фотографија на која ѝ го бакнува образот на својата партнерка. Детал кој очигледно не им побегна на фановите, кои потоа можеа да го октријат идентитетот на убавата бринета. Девојката на тенискиот феномен се вика Марија Гименез Гонзалес и за неа се знае дека дели иста страст со него – тенисот, кој активно го игра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARIA GONZALEZ (@mariaaagimenezz)

Но, од нејзините профили на социјалните мрежи може да се заклучи и дека ужива да биде во близина на морето, на плажа. Повеќето од нејзините фотографии ја прикажуваат во костими за капење кои ја истакнуваат во преден план нејзината извајана спорстка фигура. Уште една нејзина страст е сурфањето, дисциплина која оди рака под рака со љубовта кон морето и плажите. Но убавицата има и уметнички таленти, па може да се пофали и со музички подвизи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARIA GONZALEZ (@mariaaagimenezz)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARIA GONZALEZ (@mariaaagimenezz)

Очигледно, на Алкараз не му е здодевно во нејзино друштво, маѓепсан меѓу нејзината убавина и сестраност.

Слични објави

„Има 10 станови што се издаваат само во село“: Стоја со години инвестирала во бизнис, месечно заработува 5.000 евра

Еспресо

(Видео) Доналд и Меланија Трамп заиграа на балот, првата дама блесна во моќна креација на Ерве Пјер

Еспресо

(Видео) Го поврзуваа со неа, а сега му пееше на роденденот: Душко Тошиќ славеше роденден до зори во Белград, сите очи вперени во пејачката

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ го затвори салонот во Белград! Еве зошто престана бизнисот што ќерката на Цеца го започна со другарката

Еспресо

Хороскоп за 21 јануари: Раковите ќе доживеат непријатни изненадувања во љубовта, Лавовите да внимаваат со парите, а вие?

Еспресо

Милан Калиниќ донесе одлука по разводот: „За три-четири месеци ќе ја видите мојата…“

Еспресо
Се вчитува....