11.8 C
Скопје
19:06 - 13 март, 2026

(Фото) Принцот Хари се врати во Африка, неговиот „втор дом“: „Тука најдов мир и исцеление“

Војводата од Сасекс предводеше група американски филантропи заинтересирани да инвестираат во зачувување на некои национални паркови. Така, силната врска на Хари со Африка продолжува, која започна со неговата мајка, а продолжи со неговата „сродна душа“. 

Неколку недели по најавеното враќање во Европа со сопругата Меган Маркл, принцот Хари замина (изненадувачки) во Африка, земја за која е многу приврзан, и за хуманитарни цели, но и поради личното чувство и спомените со Африка кои го поврзуваат со мајка си, починатата принцеза Дијана.

Хари, претседател на Мрежата Африкански паркови, непрофитна организација која управува со дваесет национални паркови во различни земји на континентот, овој пат беше домаќин на група американски филантропи и екологисти кои посетија некои заштитени природни области, изјави за Пипл портпаролот на Војводата од Сасекс.

Ова за Хари беше повеќе од благородна цел, накратко, да се сврти вниманието на заштитата на флората и фауната во Африка и да се донесат нови инвеститори.

Многу малку фотографии има од посетата, само неколку кружеа на Твитер.

Инаку, за принцот Африка претставува втор дом, како што самиот ја нарекува.

„Поголемиот дел од мојот живот таа беше мојот спас, место каде што најдов мир и исцеление, секогаш одново“, рече тој во една прилика. „Таму се чувствував најблиску до мајка ми и најдов утеха по нејзината смрт и каде знаев дека најдов сродна душа во мојата сопруга“.

Не случајно првото патување со Меган беше во Африка, во Боцвана, кампување под ѕвездите пет дена.

Од една страна љубов, од друга посветеност, по стапките на мајка си, која направи многу за Африка во текот на својот живот. Во ова постојано внимание на Африка, вториот син многу личи на Лејди Ди, и нејзин достоен наследник е.

Слични објави

(Фото) „Докторот ми стави премногу филери, ми се спуштија до половина лице“! Српската убавица преживеала драма по естетска интервенција

Еспресо

(Фото) Четири месеци радост во домот на Миро Кацаров, малиот Тадеј расте опкружен со љубов

Еспресо

Докторите и предвиделе на Ведрана Рудан уште 3 месеци живот

Е.А.

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо
Се вчитува....