10.8 C
Скопје
17:09 - 26 октомври, 2026

(Фото) Посветен татко со интересна страст: Ова е зетот на Росана и на Трупче, Џејмс

Џејмс Холт, зетот на Росана Сариќ-Тодоровска и на нејзиниот сопруг, Ѓорѓи Тодоровски-Трупче, е многу интересна личност. Џејмс е сопруг на нивната ќерка Ивана и татко на два сина, Ноах и Матео.

Тој е Англичанец, а секогаш добивал многу пофални зборови од Росана дека е посветен татко и добар сопруг.

И на неговиот фејсбук-профил може да се види дека е духовиот човек, многу посветен на семејството, вљубеник во природата и личност која ги сака животните. Негова страст се тетоважите, исто како и на неговата сопруга Ивана.

Ивана и Џејмс со децата Ноах и Матео Фото / Фејсбук

Неодамна, по нејзиниот настап на јубилејниот 40. „Макфест“ во Штип, Росана Сариќ-Тодоровска која ја испеа легендарната песна „Признавам“, овојпат без нејзината сестра близначка Маријана, за ќерката и за нејзиното семејство откри:

Фото / Фејсбук

– Тоа е прекрасно чувство и живееме за нив. За жал, повеќе не живеат во Македонија, се преселија во Англија и сега веќе се гледаме на камера. Во моментов ни дојдоа на гости, па можеби за Нова Година или Божиќ пак ќе ни дојдат.

Па, и ние ќе отидеме таму. Само знам дека е тешко, особено мене, бидејќи некако цел живот само дочекувам и испраќам на аеродром. Тоа навистина е многу тажно, тешко ми е на душата, но не сакам да зборувам бидејќи солзите сами ми течат – рекла Росана за „Канал 77“.

Маријана и Росана со Ивана на нејзината свадба со Џејмс со 2017 Фото / Фејсбук

 

Слични објави

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо
Се вчитува....