18.8 C
Скопје
16:42 - 15 март, 2026

(Фото) Поранешната девојка на Канје Вест се појави гола во јавност

Актерката Џулија Фокс пристигна речиси гола на модната ревија во Њујорк.

Поранешната љубовница на раперот Канје Вест, актерката и модел Џулија Фокс беше гостинка на првата ревија на Модната недела во Њујорк. Фотографии од настанот ги објави Пејџ сикс.

На 5 септември започна модната недела во Њујорк, која беше отворена со ревија на новата колекција на младешкиот бренд Pretty Little Thing, создадена во соработка со супермоделот од 90-тите Наоми Кембел. 33-годишната Џулија Фокс на ревијата дојде речиси гола. Поранешната љубовница на раперот Канје Вест им позираше на фотографите во долна облека дизајнирана од метални синџири, над кои носеше раскопчан црн кожен капут. Модниот изглед Фокс го надополни со екстравагантна шминка со акцент на црниот кармин.

Џулија Фокс е модел, актерка и љубителка на ескцентрични модни комбинации, исто како и нејзиниот поранешен партнер, Вест, со кој беше во врска во 2022 година. Сепак, нивната романса траеше само месец и половина. На парот му беше тешко да одржува врска на далечина: Фокс живееше во Њујорк, раперот живееше во Лос Анџелес, и самата оддалеченост ги одалечи.

По раскинувањето со Вест, Џулија Фокс изјави дека аферата со раперот не влијаела добро на нејзината кариера.

„Престанав да добивам понуди во голем број како што порани ги добивав. Ова е навистина чудно. Но, од друга страна, славата има свои недостатоци“, сподели таа на подкаст со Емили Ратајковски.

Поранешната девојка на Канје Вест, Џулија Фокс, за модната недела во Њујорк ја обои косата и веѓите во црвена боја.

Слични објави

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.
Се вчитува....