13:10 - 7 април, 2026

(Фото) Погледнете ја вилата што сакаат да ја купат Бекамови на Јадранот

 Дејвид и Викторија Бекам кои летуваа во Црна Гора пред неколку години наводно сакаат да купат луксузна вила на Јадранот, која се проценува во вредност од 12 милиони евра.

Информациите не се официјално потврдени, но се дознава дека неодамна испратиле и официјално барање до агентите за понуда за имотот што веќе некое време се продава, пишува „Индекс“.

Луксузната куќа се наоѓа во градот Доња Ластва, „со неверојатен поглед на морето“, а според „Астра рил естејт“, се наоѓа на плац од 4.200 квадратни метри. Изградена е во четири ката што меѓусебно се поврзани со лифт, а во дворот, до базенот, има и градина со разни и различни растенија. Тука се наоѓа и маслиново дрво старо 800 – 1000 години.

Внатрешноста на вилата се состои од дневна соба со поглед на градот и морето, кујна, седум помали соби, вежбалница и други простории за забава.

Инаку, семејството Бекам го посети црногорското приморје во 2018 година, кога престојуваа на островот Свети Стефан.

 

Слични објави

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо
Се вчитува....